Рускиот филм „Предавство“ го затвора 16. Скопски филмски фестивал

Од:

Со рускиот филм „Предавство“ на режисерот Кирил Сребреников вечер во кино „Милениум“ ќе биде затворен 16. Скопски филмски фестивал. Една од глевните улоги ја игра актерот Дејан Лилиќ, кој ќе го претстави филмот пред македонската публика. „Предавство“ минатата година беше номиниран за наградата „Златен лав“ на Венецискиот филмски фестивал.

– „Предавство“ е темна приказна за љубовта, страста и најмногу од се за прељубата, со импресивната игра на германската ѕвезда Франциска Петри и македонскиот актер Дејан Лилиќ. За време на рутинскиот кардиолошки тест еден човек (Лилиќ) е случајно информиран од докторката (Петри) дека нејзиниот сопруг ја изневерува со неговата сопруга. Изневерените сопруг и сопруга неминовно се подготвени да станат партнери во сопствениот криминал,  животот црта полн круг и предадените самите стануваат предавници…, соопшти организаторот на фестивалот.

Сребреников вели дека направил „несреќен филм“ за машко-женските односи.

– Брачното неверство служи како движечка сила во мојата приказна. Ова е филм за скриени емоции и мисли. За работи кои дури немаат ниту име во човечкиот  јазик. Отфрливме многу работи од филмот: градот во кој живеат  протагонистите, нивните пријатели, нивните непријатели. Секој детаљ ја  покажува истата тема – жестоката желба на протагонистите да не останат сами  во нивниот инстиктивен копнеж да сакаат некого, изјави Сребреников, кој е и автор и на сценариото за филмот.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ