Во Музејот на македонската борба денеска ќе бидат доделени наградите за победници на детскиот ликовен конкурс „Зимска приказна”, организиран од Амбасадата на Руската Федерација и „Россотрудничество“.
– Конкурсот беше одржан во пресрет на Нова година и Божиќ и е посветен на традициите за овие празници во нашите земји. На натпреварот учествуваа над 320 деца од различни македонски градови, соопшти Руската амбасада.
На настанот ќе се обрати рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин.