Во Галеријата Робевци во Охрид вечер ќе биде отворена самостојна изложба на ликовниот уметник од Романија, Емилиа Персу.
Изложбата е насловена „Внатрешна градина“, а љубителите на уметноста ќе може да ги погледнат и да уживаат во нејзините дела од најновиот циклус, изработени на платно во комбинирана техника.
Авторката Емилиа Персу досега има реализирано бројни самостојни изложби, има учествувано на кампови и фестивали. Од 1998 година е член на романската Унија на ликовни уметници.