Ревија на мексиканскиот филм во Кинотека на Македонија

Од:

Во Кинотеката на Македонија од денеска до 3 јуни во термините од 20 часот ќе бидат прикажани три филмa од поновата мексиканска продукција.

Станува збор за филмовите „Животот потоа“ од 2013 година во режија на Давид Паблос, „Почетокот на времето“ од 2014 година во режија на Бернардо Арељано, двата од жанрот драма. На програмата е и акционата авантура „Одвоен ветар“ од 2014 година во режија на Алехандро Гербер Бичечи.

Дополнително ќе бидат обезбедени и уште два репрезентативни насловa од мексиканската кинематографија, информираат од Кинотека на Македонија.

Мексиканската е една од најплодните филмски индустрии во Латинска Америка. Серијата неодамнешни оскаровски победи на режисери како Алфонсо Куарон и Алехандро Гонзалес Ињариту, високо го позиционираа мексиканскиот филм на светската мапа што придонесе за поплава од различни продукции на годишно ниво.

Мексиканските филмови се дел од проектот „Ревија на светските кинематографии“, што се реализира со продуцентската и дистрибутерска куќа „КТ Филм & Медиа“.

Би можело да ве интересира

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска

Филмска вечер за деца и млади во Кинотеката

Ана Ололовска

Кратки експериментални филмови на петтата сесија на филмска училница во Кинотека

Ана Ололовска