Ревија на кинески филм во Кинотека на Македонија

Од:

Пет филмови од кинеската кинематографија ќе бидат прикажани во рамки на „Ревијата на кинески филмови“, што од денеска до 20 мај ќе се одржува во Кинотека на Македонија.

Според програмата, вечер со почеток од 20 часот е проекцијата на играниот филм „Нарушувајќи ја тишината“ од 2000 година, во режија на Џоу Сан. Ова е драма за една мајка која ќе направи се да му овозможи добар живот на нејзиниот син кој има проблеми со слухот.

На отворањето ќе се обрати кинескиот директор на Институтот „Конфуциј“, проф. д-р Денг Шиџонг.

Играниот филм „Двајца стануваат еден“ од 2006 година, во режија на Винг-чеонг Лоу ќе се прикаже во вторник, во 20 часот. Станува збор за моќна одисеја на една жена која се бори со рак на дојка.

В среда од 18 часот ќе биде прикажана акционата комедија „Мал голем војник“ од 2010 година, во режија на Шенг Динг. Филмот е по сценарио на Џеки Чен, кој се појавува и во главната улога. В четврток од 18 часот ќе биде прикажана акционата комедија „Мој личен мечувалец“ од 2011 година, во режија на Џјинг Шанг. Филмот е снимен според истоимената серија од 2006 година, која беше голем хит во Кина.

Ревијата завршува в петок со филмот „Лотосов фенер“, екранизација на позната кинеска легенда, кој во 17 часот ќе можат да го проследат најмладите и оние кои сакат да се запознаат со кинескиот фолклор. Филмот во режија на Чанг Гуангшји е победник во категоријата „Најдобар анимиран филм“ за наградата „Златен петел“, која ја доделува Кинеската филмска асоцијација.

Продукциската и дистрибутерска куќа „КТ Филм и Медиа“, преку проектот „Ревија на светските кинематографии-Кина“ го доближува кинескиот филм и кинеските културни вредности до македонската публика.

Проектот е реализиран во соработка со Институтот „Конфуциј“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Проектот „Ревија на светските кинематографии“ е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија.

Би можело да ве интересира

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска

Филмска вечер за деца и млади во Кинотеката

Ана Ололовска

Кратки експериментални филмови на петтата сесија на филмска училница во Кинотека

Ана Ололовска