Ретроспективно претставување на Манчевски во Кина

Од:

Три големи институции во Шангај одвоено го поканија режисерот Милчо Манчевски да гостува пред кинеската публика ова лето, што е прво сеопфатно претставување на македонски уметник во Азија.

Филмскиот фестивал во Шангај, еден од најголемите во Азија, од 17-ти 26 јуни организира циклус проекции на филмовите на Манчевски на јубилејното 20-то издание. Ќе бидат прикажани македонските филмови (европски копродукции) на Манчевски, но и неговите американски и кубански филмови.

– Неговиот „Пред дожд“ беше прв македонски филм прикажан во Кина и наиде на голем успех. Овој филм има култен статус во Кина, особено во академската средина каде се изучува како пример на наративната структура. Неколку кинески режисери – како Лу Је и Шу Хаолун – го цитираат како еден од клучните филмови во нивниот развој. Поради ова, на покана од Филмскиот институт во Шангај при тамошниот универзитет, Манчевски ќе одржи мастерклас под наслов „Збор, слика и време“ во Кинескиот музеј на уметноста, соопшти Банана-филм.

Непосредно потоа, галеријата при шангајската „Хсинхуа паблишинг груп“ организира изложба на фотографски пентаптихови на Манчевски под наслов „Сонувајќи ги ву јан песните“, според песните со пет кинески букви од династијата Танг. По тој повод, „Хсинхуа“ издава и книга со фотографии и есеи на Манчевски. Тој е и член на жирито на главната програма на фестивалот во Шангај.

Последниот краток експериментален филм на Манчевски, американско-кубанската копродукција „Крајот на времето“, во април освои награда на филмскиот фестивал Аспен Шортфест 2017 во САД, каде што ја имаше и светската премиера. Фестивалот е квалификуван во номинациите за Оскар.

До крајот на годинава се очекува и светската премиера на неговиот нов американски долгометражен игран филм „Бикини Мун“.

Би можело да ве интересира

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Манчевски: Денес, 30 години по успехот на „Пред дождот“, мене ми е забрането да снимам во Македонија

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ