Ретроспективната изложба на Ѓорѓи Здравев

Од:

Ретроспективната изложба на Ѓорѓи Здравев (1941-2007) вечер ќе биде отворена во Културно-информативниот центар-Скопје.

На изложбата ќе бидат презентирани цртежи и скици за филмска, телевизиска и театарска костимографија, како и неколку костими – експонати од богатото творештво на овој реномиран уметник, костимограф, етнолог, професор.

Ѓорѓи Здравев спаѓа меѓу ретките истражувачи и теоретичари на етнографските и естетските карактеристики на македонската народна носија и целокупното текстилно народно творештво. За време на својот работен век извршил обемни теренски истражувања низ цела Македонија, проследени со детална обработка на материјалите. На тој начин успеал да создаде сопствена база и мислење за процесите поврзани со појавата, развојот и губењето на народната носија како симбол на македонските етнички заедници, групи и подгрупи со локални обележја во рамки на македонската етничка култура.

Во големиот и значаен творечкиот опус на Здравев влегуваат повеќе од 50 театарски претстави, што тој костимографски ги обликувал.

Изложбата ќе биде отворена до 15 мај годинава.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски