Ретроспективна изложба на академскиот сликар Вељо Ташовски (1949 – 2009) ќе биде отворена вечер во НУ Завод и музеј Битола.
Изложбата, која во Битола се реализира во рамки на проектот „Кич, да?!/Сте или не?“, претставува пресек на целокупното творештво на авторот, опфаќајќи ги сите периоди во неговото творештво. Ќе бидат изложени слики во комбинирана техника.
Ташовски имал повеќе самостојни изложби во Македонија и Словенија, а учествувал и на голем број групни изложби во Словенија, Македонија, Италија, Полска, Хрватска, Грција, Романија, Србија, Чешка, Словачка, САД итн. Добитник е и на бројни награди во Македонија, Словенија, Хрватска и Србија.