Реставрирани филмови на Неделата на италијанскиот јазик

Од:

Со филмот „Терасата“ на режисерот Еторе Скола од 1980 година, вечер од 20 часот во Кинотеката ќе почне Неделата на италијанскиот филм во светот, на која до 28 октомври ќе бидат прикажани реставрирани италијански филмови, снимени од почетокот до крајот на 20 век.

Во наредните денови ќе бидат прикажани и филмовите: „Кабирија“ од 1914 во режија на Џовани Пастроне; „Последно танго во Париз“ на Бернардо Бертолучи снимен во 1972; „Италијанци добри луѓе“ на Џузепе де Сантис од 1964; „Мрачниот жетвар“ од 1962 – дебитантскиот филм на Бертолучи; „Толку се сакавме“ на Еторе Скола од 1974; „Црвениот терен“ во режија на Нани Морети од 1989 и „Добро утро, Вавилон“ снимен во 1987 година – прв филм на браќата Паоло и Виторио Тавијани.

За утрешната проекција на најстариот меѓу овие филмови („Кабирија“) Кинотеката соопшти дека ќе биде во посебна атмосфера.

-Проекцијата ќе биде проследена со музика во живо во изведба на Марио Маријани од Италија. Овој филм бил инспирација и за пионерот на американската кинематографија Дејвид В. Грифит за неговите епски остварувања, соопшти Кинотеката.

Настанот е поддржан од Амбасадата на Италија во Скопје и од Експериментален центар за филм и фотографија – Национален филмски архив од Рим.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ