Реставрација на фрескоживописот во „Св. Богородица Заумска“

Од:

Завршија годинашните активности за конзервација и реставрација на фрескоживописот од најстарата зачувана црква од 14 век, „Св. Богородица Заумска“ во с. Трпејца, Охридско.

Конзерваторските зафати за санација на овој извонредно значаен фрескоживопис кој е дел од проектот на Министерството за култура, а во рамките на Програмата за заштита на културното наследство,  продолжуваат во 2014 година.

Пред неколку години на црквата  која претставува едно од најзначајните заштитени споменички добра на територијата на Македонија и пошироко беа преземени интервенции за конзервација на покривот и покровната конструкција, а по извршените анализи на стручните екипи на охридскиот завод и музеј се пристапи кон конзервација на нејзиниот фрескоживопис со оглед на присуството на влаги соли, особено во деловите под куполата.

Црквата „Св. Богородица Заумска“, се наоѓа на источниот брег од Охридското Езеро, во непосредна близина на селото Трпејца. Според зачуваниот натпис, црквата е подигната и насликана во 1361 година од ќесарот Гргур за време на деволскиот епископ Григорие. Најновите истражувања покажуваат дека потекнува од тринаести век.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи