Реставрација на фасади на пет објекти од старото градско јадро во Велес

Од:

Фасадите на пет објекти од старото градско јадро во Велес годинава ќе бидат реставрирани со поддршка од Министерството за култура.

Станува збор за објекти кои се наоѓаат на улицата „Јован Алабаков“ и кои се дел од автентичната споменична целина со традиционални белези на велешката архитектура на 19 век.

Министерството за култура денеска соопшти дека проектот за заштита на фасадите на петте куќи е изработен од страна на стручните екипи од Националниот конзерваторски центар-Скопје која е надлежна за заштита на културното наследство. Реставрацијата на објектите треба да заврши до крајот на годинава.

Конзервацијата и реставрацијата на објектите во Велес е дел од проектот на Владата за санација на фасадите од амбиенталната стророградска архитектура што се реализира четврта година по ред. Во рамки на проектот досега е извршена санација и реставрација на 16 фасади на објекти и тоа 15 посебни зданија во урбаните средини на Крушево, Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Гевгелија, Гостивар и Прилеп и еден комплекс од пет дуќани во Кратово.

Би можело да ве интересира

Судијка и сопственици на аптеки од Велес обвинети за фалсификување

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка во Велес, еден сопатник е полесно повреден

Огништа од БРАКО за вечерните забави на Винтерфест во Велес

Изгаснат пожар на ридот во близина на Филтер станицата за вода во Велес

Катерина Ѓуровски

Мртов маж е пронајден во возило од градскиот превоз во Велес

Тројца велешани нападнале екипа на ЕВН

Горан Наумовски