Изложбата „Хенри Мур графичарот“ која од 18 април е поставена во Музејот на современата уметност до денеска ја виделе 11.250 посетители.
Во текот на изложбата, како што соопштија денеска од Музејот на современа уметнос, биле организирани бројни работилници со деца и млади, а била организирана изложба со наслов ХЕНРИ МУР – ИНСПИРАЦИЈА.
Било одржано предавање „Работејќи со Хенри Мур“, од страна на Дејвид Мичинсон, поранешен раководител на збирките и изложбите на Фондацијата „Хенри Мур“ и личен пријател на авторот.
– Секојдневно можеа да се погледнат кратки документарни филмови за Хенри Мур од збирката на Би-би-си, а секоја среда имаше филмска проекција „Уметноста за Хенри Мур“ во времетраење од 60 минути, се вели во соопштението.
Изложбата ќе биде отворена до 31 мај.