Регионални музички смотри се одржаа во Делчево

Од:

Мандолинските оркестри од Пехчево, Берово и Русиново и хорот од ООУ „Св. Климент Охридски“ од Делчево се пласираа на Републичките смотри за хорови и оркестри, кои годинава ќе се одржат во Кавадарци.

Ова е резултатот од денешните Регионални смотри на хорови и оркестри кој се одржа во ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево, а на кој се натпреваруваа училишните хорови и оркестри од основните и средните училишта од Делчево, Берово, Пехчево и М. Каменица.

Членот на жири-комисијата, Горан Ќурчиски е задоволен од прикажаното на сцената.

– Сите оркестри и хорови имаа свој десетминутен настап со една задолжителна композиција и една по избор. Овие смотри се всушност мотивација на учениците за плодна работа на полето на предметот музичко воспитување. Целта на одржувањето на Регионалните смотри е да се унапреди музичкото образование, но и да се согледа квалитетот на работата на училишните хорови и оркестри, истакна Ќурчиски.

Училишните хорови и оркестри од Делчево досега имаат постигнато видни резултати на овие смотри. И минатата година училишниот хор од ООУ „Климент Охродски“ под раководство на професорот Дејан Ѓеоргиевски-Ѕене на Региоанлните смотри го освоија првото место, а на Републичките смотри беа третопласирани.

Би можело да ве интересира

Приведена 76-годишна жена од Делчево за предизвикување пожар

Катерина Ѓуровски

Избувна пожар во помошен објект во Делчево

Горан Наумовски

Кривична за маж од Делчево, предизвикал пожар од невнимание

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка