Реализирана издавачката програма на македонскиот стрип центар

Од:

Како дел од Годишната програма на Министерството за култура – дел за издавачка дејност, Стрип центарот на Македонија – Велес во многу краток рок годинава ги реализираше своите активности во оваа сфера со следните изданија :Списанието „Стрип креатор“ бр 33 и 34, Изданието „Македонски стрип алманах 2021“ од група автори,Стрип книгата „Итар Пејо и Насрадин Оџа“ од Раде Дичоски,Стрипот „Шенко“ на Миле Топуз и стрип книгата Шерлок Холмс-крал на маската Епизода „Тарзан,господар на џунглата на Јулио Радуловиќ Јулес од Хрватска, информира Томе Трајков од СМ-Велес.

-Списанието „Стрип креатор“ бр 33 и 34 e единственото постојано издание во Македонија и е продолжение на ревијата СТРИП АРТ во кое покрај наградените стрипови од Интернационалнот салон, заслужено место добиваа и македонските автори. Оваа ревија има посебно значење бидејки токму овде доста македонски автори ги имаат објавено своите први стрипови. Поаѓајќи од фактот дека во досегашните броеви на списанието се објавуваат наградените стрипови од Меѓународниот конкурс за стрип што СЦМ – Велес го објавува секоја година, редакцијата продолжува со истата концепција како и со објавување на избрани стрипови од македонски автори, информира Трајков.

Изданието „МАКЕДОНСКИ СТРИП АЛМАНАХ 2021“ група на автори“ го зголемува и стимулира бројот на македонски стрип автори. Тука се претставени стрип дела на: Стефанија Ристовска, Софронија Шарламанов, Мартина Величковска, Марија Стојановска, Гунај Абдулов, Евгенија Трајковска, Јана Бутеска ,Ване Трајков, Лаѕар Ангелков, Александар Цакоски, Оливер Цветковски, Илко Стојановски ,Горан Трпков како и гостинката од Нови Сад Ања Тановиќ.

Стрип книгата „Итар Пејо и Насрадин Оџа“ од Раде Дичоски се состои приказни од повеќе извори и истите се соберат во една визуелна форма како што е стрипот. Со цел посликовито да се долови начинот на живеење, обичаите, јазикот, архитектурата и другите карактеристики на тоа време, направени се 16 приказни во стрип со вкупно 45 страници.

Стрипот „Шенко’’ од доајенот Миле Топуз, врз основа на романот на македонскиот новинар и писател Киро Донев. Во стрипот, Миле Топуз, во стил на академски сликар ги поврзува сликите на македонските измачени селани во струмичко, под пазувите на Беласица, во време на турското ропство.

И на крајот стрип книгата ХЕРЛОК ШОЛМС – крал на маската Епизода „ТАРЗАН, ГОСПОДАР НА ЏУНГЛАТА“ на Јулио Радуловиќ Јулес од Хрватска, според сите релевантни мислења најголемиот светски стрип цртач на денешницата, заедно со текстописецот Звонимир Фуртингер.

Би можело да ве интересира

Македонски автор застапен во српска стрип-антологија

Македонскиот стрип претставен во Букурешт

Ана Ололовска

Македонскиот стрип со изложба во Сомбор

Ана Ололовска

Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ доаѓа во Велес

Ана Ололовска

Прогласени победниците на меѓународниот натпревар на историски стрипови „CAN for BALKANS“

Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов

А1он