Реализација на проект за санација на земјиното тло под вредниот иконостас во црквата „Св. Јован“ во Крушево

Од:

Со средства обезбедени од Министерството за култура во тек е реализацијата на проектот за санација на земјиното тло под вредниот иконостас во црквата „Св. Јован“ во Крушево.

Во изминатиот период, соопшти Министерството за култура, забележано е слегнување на земјиното тло под овој значаен објект од сакралната архитектура со што е загрозен вредниот иконостас кој пленува со својата грандиозност и копаничарска изведба во плитка резба. За таа  цел стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Прилеп изработија проект и почнаа со санација на земјиното тло.

Во рамки на досега преземените активности согласно проектот, како што се наведува, поставена е армирано бетонска греда со што ќе се спречи понатамошното слегнување, односно тонење на подлогата под иконостасот. Проектот за санација на земјиното тло на црквата целосно ќе биде завршен до крајот на годинава.

Црквата „Св.Јован“ или кај народот позната уште и како Влашка црква е трикорабна базилика, изградена кон  крајот на 19 век,  а целосно завршена во 1904. Во црквата во која нема живопис, доминира дрвен иконостас изработен  од браќата Несторови, чија изработка траела околу четири години.

Би можело да ве интересира

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски

Случај црква Св. Петка во Галате: Обвинителство демантира дека издало наредба за приведување

Горан Наумовски

Хрват и радовишанка сакале да ограбат црква, со нож му се заканувале на клисарот

Горан Наумовски

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски