Националната галерија на Македонија денеска во Чифте амам организира средба со уметникот Игор Тошевски.
Средбата е во рамки на дебатниот проектот „Разговори за уметноста“, посветен на тековни настани од областа на ликовната уметност. На разговорот, покрај Тошевски, за изложбата и неговото творештво ќе говорат историчарот на уметноста Владимир Јанчевски и кустосот во Националната галерија на Македонија Горанчо Ѓорѓиевски.
Изложбата „Помеѓу“ на Игор Тошевски неодамна беше отворена во Чифте амам.