„Разговори во четири очи“ на МНТ на фестивалот „Московски ноќи“

Од:

Македонскиот народен театар со претставата „Разговори во четири очи“ ќе гостува на 6. Интернационален театарски фестивал „Московски ноќи“, кој од 5 до 9 октомври ќе се одржува во Митишчанскиот театар за драма и комедија „Фест“ во Русија.

Претставата е по текст на Ингмар Бергман, адаптацијата е на Тамара Барачков, а режисер на претставата е Нина Николиќ.

Македонската претстава ќе биде изведена на 6 октомври во 19 часот по локално време во театарот „Фест“ во градот Митишчи, која се наоѓа во московската област во Русија. Програмата на фестивалот содржи уште шест претстави од руски театри и една претстава од Казахстан.

„Разговори во четири очи“ е копродукција меѓу Македонскиот народен театар и продуцентската куќа „Скопје филм студио“. Премиерата на претставата беше во декември 2015 година на Малата сцена на Македонскиот народен театар. Оттогаш, покрај изведбите на матичната сцена, „Разговори во четири очи“ гостуваше на повеќе театарски фестивали во Русија, Словачка, Белорусија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и во Македонија.

Главниот лик во претставата (Ана Бергман) го игра актерката Амернис Нокшиќи-Јовановска, а во останатите улоги настапуваат: Нина Деан, Петар Арсовски, Дамјан Цветановски, Дарја Ризова, Катина Иванова и Благој Веселинов. Продуцент е Томи Салковски, костимограф Ивана Каранфиловска-Угуровска, а сценографијата е на Сања Аврамоска.

Би можело да ве интересира

Премиерата на сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“ ќе биде на 13 ноември

Во октомври премиера на претставата „Варвари“ во МНТ

МНТ ги откажува сите изведби до 22 март, поради трагедијата во Кочани

МНТ со мултимедијален проект ќе одбележи 80 години, за драмска дејност годинава има 6,3 милиони денари

80 години Македонски народен театар

Катерина Ѓуровски

Премиера на претставата „Бог на колежот“

А1он