На Малата сцена на Народниот театар „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес синоќа гостуваше претставата „Разговор во четири очи“ од Ингмар Бергман, во режија на Нина Николиќ, копродукција на Скопје филм студио и Македонскиот народен театар.
Адаптацијата на претставата беше на Тамара Барачков, костимографијата на Ивана Каранфиловска-Угуровска, а сценографијата на Сања Аврамоска.
Во претставата настапија актерите:Амернис Нокшиќи – Јовановска, Нина Деан, Петре Арсовски, Оливер Митковски/Благој Веселинов, Дарја Ризова, Катина Иванова и Дамјан Цветановски,кои изнудија долг и силен аплауз од велешката публика.