Распоред на онлајн-претстави на Скопје танцов театар до петок

Од:

Скопје танцовиот театар од вчера во 18.30 часот почна на јутјуб канал да емитува бесплатно онлајн-претстави во сопствена продукција и го објави распоредот на премиерните изведби кои ќе ги прикаже до петок, 27 март.

Од 18.30 часот денеска ќе бидат прикажани претставите „w r o n g” и „Sketch” во кореографија на Адријана Данчевска.

Во наредните три дена во истиот термин публиката ќе има можност да ги гледа и: „Луцидниот Јос“ во кореографија на Дејан Битровски и „Котел“ и „Егзистирање“ на Рисима Рисимкин (25 март); „Ноември“ и „Flesh and bone” на гостинот кореограф Симон Кубан од Чешка (26 март) и „Идентитети“ во кореографија на Рисима Рисимкин (27 март).

Претставите се во изведба на танчари од театарот и Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска