Во Делчево распишан е награден литературен конкурс за возрасни и деца на тема „Вапцаров, писател со револуционерни идеи“. Конкурсот е дел од одбележувањето на вториот дел од годишната манифестација „Вапцарови бранувања 2021“.
-Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“- Делчево во рамки на овогодишната манифестација „Вапцарови бранувања 2021“, која е поделена во неколку дела, распишува Награден литературен конкурс. Конкурсот на тема „Вапцаров, писател со револуционерни идеи“ е поделен во категорија за најдобра литературна творба за возрасни и најдобра литературна творба за деца, информираа од Центарот за култура во Делчево.
Пријавувањето литературни творби на горенаведената тема, како што додадоа, е најдоцна до 3 декември 2021.
-Учениците своите творби потпишани со шифра треба да ги достават до своите наставници по македонски јазик, додека возрасните автори тоа можат да го сторат на адреса НУЦК „Никола Јонков – Вапцаров“, улица „Светозар Марковиќ“ бр.1, 2320 Делчево (со назнака за литературен конкурс), додадоа од Центарот за култура.
За трите најдобри творби во двете категории ќе бидат доделени плакети.