Раде Силјан во Антологија на светската поезија

Од:

Со седум песни и еден ракопис од повеќегодишното книжевно творештво, поетот, есеист и книжевен критичар Раде Силјан е застапен во Антологијата на светската поезија, која неодамна беше објавена во Романија, како издание  на меѓународната академија „Михаи Еминеску“ од Крајова.

Како што информира „Матица“, во  Антологијата се застапени педесет и двајца познати автори од светот, меѓу кои се тројца  добитници на нобеловата награда, како и добитниците на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата: Адонис, Томас Транстромер, Хусто Хорхе Падрон, Томас Шаламун и Љубомир Левчев.

Изданието го приреди познатиот романски писател и литературен критичар  Јон Деаконеску, во соработка со универзитетските професори Офелија Буртеа, Луциан Диндирица, Озана Лисандра и Лоредана Стан.

Антологијата ќе биде промовирана на 16 септември во Крајова, во рамките на меѓународниот поетски фестивал што го организира академијата „Михаи Еминеску“.

Раде Силјан е автор на четиринаесет стихозбирки, како и на поголем број критичко-есеистички дела и антологии на македонската поезија, драма и проза. Добитник е на национални и меѓународни награди, меѓу кои „Браќа Миладиновци“,„Ацо Шопов“, „Димитар Митрев“ и „11 Октомври“ за животно дело. Годинава на меѓународниот поетски фестивал  во Молдавија доби „Гран-при“ за поетски опус.

Би можело да ве интересира

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Македонска поезиjа за деца во руското списание „Иностранаjа литература“

А1он

Промоција на збирката „Одглас“

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов