Работилници, промоции, музички настапи и кино-проекција на „МКЦ за Скопје“

Од:

Со детски работилници на уметникот Доротеј Нешовски и писателката Билјана Црвенковска, на 26 јули во 18:30 часот ќе почне мултимедијалниот културен настан „МКЦ за Скопје“, кој традиционално се одржува на овој ден за да потсети на солидарноста и хуманоста на скопјани.

Настанот ќе се одржи во паркот на МКЦ и е бесплатен.

По работилниците, програмата продолжува со слушачки промоции на LP компилациите „Колку гласно морам да викнам за да ме чујат?“ и „Има ли забава – Macedonian new wave 1981-1985“ од Тошо Филиповски. Промовирана ќе биде и новата книга на Филиповски „МАКЕДОНСКА ДИСКОГРАФИЈА – ВИНИЛИ (1958-2019), Прв Том“ која ќе може да се купи по промотивна цена.

По промоциите ќе почне музичката програма. Предвидени се настапи на „Светлост“, „Јордан Костов Трио“ и „Роботек“.

„МКЦ за Скопје“ ќе заврши со кино на трева: „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде и Данило Шербеџија.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ