Во рамките на Танц Фест 2013 од денеска до 12 април ќе се одржат работилници за современ танц, со танчерите на Battery Dance Company во Скопје со Шон Скентлбури, во Битола со Кармен Никол, во Струга со Мира Кук, во Тетово со Робин Кантрел и во Штип со Клемент Менса.
Battery Dance Company, која 37 години е сидро на културолошкиот живот на Менхетен, досега се претставиле на многубројни сцени и фестивали во речиси 60 земји ширум Европа, Азија, Африка, Јужна и Северна Америка, Австралија.
За своето премиерно претставување во Македонија, компанијата ќе ја прикаже уметноста на втората генерација кореографи кои за своите храбри и иновативни креации добија признание од Њујорк Тајмс и интернационалниот печат.
Компанијата одбра пет парчиња од своите најнови продукции. Четири од избраните пет кореографски сегменти се на музика специјално компонирана од познати њујоршки композитори.
Асистенти на работилницата во Скопје се студентите на Скопје танцовата академија: Валентино Апостоловски, Адријана Данчевска и Матеа Киселичка.
Реализацијата на овој проект е овозможена со помош на Американската амбасада во Скопје и Интерарт културниот центар од Македонија.