Работилница „Номадизмот како субверзивна практика во времиња на очај“ со Анастас Вангели

Од:

Здружението на граѓани Есперанца – Светски културен центар организира еднодневната работилница, „Номадизмот како субверзивна практика во времиња на очај“ со Анастас Вангели, којашто ќе се одржи на 29 декември (вторник), во Клуб ГЕМ, со почеток во 15 часот, во рамките на проектот „Од дијаспора до различности“.

Работилницата е наменета за уметници, граѓански и медиумски активисти, млади истражувачи, теоретичари на културата, социолози и политиколози.
Оваа работилница претставува обид за критичко преиспитување на индивидуалниот номадизам на активисти и уметници кои се залагаат за општествена промена, од перспективата на субверзија. Номадизмот е ставен во контекст на економските услови по 2008 во Европа, а особено на европската периферија.

Анaстaс Вaнгели е дoктoрaнт нa Висoкaтa шкoлa зa општествени истрaжувaњa нa Пoлскaтa акaдемијa нa нaуки (ПАН) вo Вaршaвa, кaде е и истрaжувaчки aсистент при Интердисциплинарната прoгрaмa зa крос-национални истрaжувaња и тренинг (CONSIRT) која ПАН ја спроведува заедно со Универзитетот Охајо Стејт. Стипендист е нa Фoндaцијaтa ZEIT oд Хaмбург. Сoрaбoтувa сo ThinkIN China oд Пекинг, кaкo и Кoлaбoрaтивнaтa истрaжувaчкa мрежa зa еврoпскo-кинески oднoси при UACES. Негoвиoт истрaжувaчки фoкус е вo пoлетo нa дифузијa нa идеи и пoлитики, кoмпaрaтивнaтa пoлитичкa прoменa, oднoсите пoмеѓу Истoчнa Еврoпa и Кинa, и кинескaтa дoмaшнa и нaдвoрешнa пoлитикa. Aктивист e нa ЛД Сoлидaрнoст

Проектот „Од дијаспора до различности“ го реализира ЗГ Есперанца-Светски културен центар во соработка со Ремонт – независна уметничка асоцијација од Белград, Кунст ост од Грац и европската мрежа на менаџери во културата Оракл од Брисел. Се занимава со редефинирање на поимот дијаспора во поширокиот современ контекст на глобализацијата, мобилноста, културниот номадизам и другите видови искуства на привремени и трајни изместувања од т.н. матични средини.

Проектот се реализира со подршка на Балканскиот фонд за уметност и култура.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот