Пуштени во употреба часовниците на Саат кулата во Гостивар

Од:

Со симболично вклучување на механизмот, кој неодамна беше инсталиран, во употреба се ставени четирите часовници на Саат кулата во Гостивар.

На симболичното пуштање во употреба присуствуваше и Бехиџудин Шехаби државниот секретар во Министерството за култура, кој нагласи дека со оваа последна инвестиција во симболот на градот се заокружува проектот за заштита на овој споменик на културата.

– Ставењето во функција на часовниците, одржувањето и осветлувањето на Саат кулата се еден од десетината проекти кои Министерството за култура ги финансираше во изминатиов период. Саат кулата сега е ставена во функција и како таква, освен историското значење сега ќе им биде од корист и на граѓаните, рече Шехаби.

Гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта искажа задоволство од соработката при реализација на проектот и најави дека во скоро време низ градот, покрај овие часовници ќе бидат поставени уште четири на на поважни локации.

Аднан Фејзулаи, директор на Конзерваторскиот центар од Гостивар, кој реазлираше овој проект нагласи дека механизмите кои фирмата изведувач ги постави, имаат и ГПС поддршка со што постојано ќе го покажуваат точното локално време.

За механизмот и ставањето во употреба на часовниците, Министерството за култура инвестираше 520 илјади денари.

Со реконструкцијата, овој културно исторски споменик од лани е ставен во функција и за туристички посети.

Саат-кулата важи за еден од најпрепознатливите објекти на Гостивар и како симбол на градот ја има на општинското знаме и на грбот. Записите говорат дека била изградена во 17 век.

Би можело да ве интересира

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

Почината жена пронајдена пред семејната куќа во Гостивар

ВИДЕО: 46-годишник од Скопје е жртвата во страотната сообраќајка кај Колари

Газда на гостиварски угостителски објект фатен со кокаин и марихуана

Катерина Ѓуровски

Жители на Баница ќе постават шатори за одбрана на нивите од „Бехтел и Енка“ ако Владата не ги викне на средба

А1он

Граѓани со поддршка пред куќата на Таравари, тој им порача: Народот е за соработка со опозицијата, промената започна

А1он