Првиот Зимски поетски фестивал од утре до 11. декември во Скопје

Од:

Во Младинскиот културен центар во Скопје утревечер ќе биде отворен првиот Зимски поетски фестивал на Струшките вечери на поезијата што ќе се одржува до 11 декември, информира на денешната прес-конференција во Струга директорот на манифестацијата Мите Стефоски.

Новиот поетски фестивал во фокусот ќе има четворица врвни поети од земјава и странство, кои ќе имаат можност преку предавања да го претстават своето творештво и да направат автопоетички осврт, да ги кажат своите ставови за творештвото, поезијата…

Годинашни учесници на новиот Зимски поетски фестивал се Мохамед Бенис од Мароко, Александар Шурбанов од Бугарија, Душко Новаковиќ од Србија и Виолета Танчева-Златева од Македонија.

Во рамки на програмата, како што појасни Стефоски, в среда свое претставување ќе има мароканскиот поет Бенис, кој најпрво ќе одржи предавање на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а вечерта ќе има поетски портрет и читање поезија. Следниот ден е посветен на поезијата на бугарскиот поет Шурбанов, петокот ќе биде резервиран за српскиот поет и преведувач Новаковиќ, додека последниот фестивалски ден е резервиран за добитничката на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2015 година Танчева – Златева.

Идејата за зимски фестивал на поезијата, според Стефоски дошла поради потребата Струшките вечери да го покријат интересот на целата публика, особено на академската, која претставува целна публика на Зимскиот фесивал.

– Не случајно фестивалот ќе се реализира во академските центри во Република Македонија, што на некој начин е должност на СВП како национална институција да овозможи таква културна програма и квалитет пред заинтересираната академска публика. Зимскиот поетски фестивал е надополнување на летниот особено што во фокусот се четворица врвни автори кои низ три различни приоди ќе бидат презентирани, истакна Стефоски.

Учесниците на фестивалот ќе бидат објавени во едицијата „Плејади“ чие творештво ќе стигне до читателската публика.

Директорот на СВП најави дека за идната година планираат проширување на Зимскиот фестивал и на универзитетите во Битола, Штип, Охрид и Тетово, каде ќе бидат организирани вакви културни активности. За иднина планираат и други вакви активности со што СВП ќе ја прошиат својата дејност и ќе овозможат поетското творештво да допре насекаде и да донесе врвни поетски творци во Македонија.

Би можело да ве интересира

Објавена програмата на четвртиот Скопски поетски фестивал

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ