Прва самостојна изложба на Ардијан Кадриу

Од:

Во Уметничката галерија во Куманово вечерва ќе биде отворена првата самостојна изложба на ликовниот уметник Ардијан Кадриу.

Изложбата насловена „Хаос“ содржи повеќе скулптури организирани во едно монументално дело во облик на полиптих. Taa ќе биде отворена до 5 ноември.

Ова е прва изложба на уметникот од кумановско кој дипломирал на Факултетот за ликовна уметност при Државниот универзитет во Тетово. Дипломирал 2015 година во класата на професорот Џелил Руфати на отсекот вајарство. Во 2012 година бил коавтор на вајарското дело „Јусуф Багери“ на професорот Муамер Садику, а од 2015 година работи како наставник по ликовно образование во ОУ „Фаик Коница ‘’ во селото Слупчане.

Кадриу работел и како сценограф во повеќе од петнаесет филмови и театарски претстави. Добитник е на приизнанија и награди организирани во градовите низ Македонија.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска