Прва годишна награда за стрип „Лифт“

Од:

Во Младинскиот културен центар вечер од 20 часот ќе биде доделена првата годишна награда за стрип „Лифт“. На изложбата и во публикацијата која е отпечатена по тој повод ќе бидат претставени деветте стрипови кои од 30 пристигнати се оценети за најдобри во 2018 година.

Нивни автори се: Никола Панов, Стефан Николовски, Оливер Цветковски, Лазар Ангелов, Виктор Гаврилoски и Магдалена Мирческа, Јована Велинова, Кристина Неделковска, Марија Николаевска и Владимир Трајановски.

Иницијатори на наградата „Лифт“ се книгоиздателството „Темплум“ и ОХО, а целта е да се промовираат и афирмираат овдешните стрип-автори и да се унапредува стрипот кој, според организаторите, кај нас е запоставен медиум.

За конкурсот и за наградените ќе зборува Никола Гелевски, член на жирито и уредник на „Темплум“. Покрај него, членови на жирито се и Јана Јакимовска, Ласко Џуроски и Владимир Битољану.

Прворангираниот автор ќе добие 300 евра, вториот 200, а третиот 100 евра. Донатор на првото доделување на наградата „Лифт“ е Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Македонски автор застапен во српска стрип-антологија

Македонскиот стрип претставен во Букурешт

Ана Ололовска

Македонскиот стрип со изложба во Сомбор

Ана Ололовска

Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ доаѓа во Велес

Ана Ололовска

Прогласени победниците на меѓународниот натпревар на историски стрипови „CAN for BALKANS“

Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов

А1он