Прв саем на современа уметност Партисима Скопје

Од:

Деведесет уметници ќе се претстават на првиот саем за современа уметност „Партисима Скопје“, што ќе се одржува од денеска во Младинскиот културен центар.

Саемот е во организација на граѓанското здружение за промоција и поддршка на културата „Континео 2020“ во соработка со партнерската организација YLDA (Youn People for Local Development Association) од Торино, Италија.

Покрај уметнички поставки, програмата опфаќа и музички концерти со настапи на музичари од Италија и Македонија, дизајн и накит, проекции, работилници, презентации, уметнички перформанси и други содржини. На Паратисима Скопје ќе се претстават автори од Италија, Франција, Грција, Црна Гора и други држави.

По отворањето, изложбената поставка ќе биде отворена за јавност од 10 до 22 часот во сабота и недела.

Најдобрите 10 автори ќе имаат можност да ги прикажат своите дела на Партисима во Торино во ноември годинава.

Партисима Скопје е реализирана со финансиска поддршка од Стопанската комора Торино и институционална поддршка од Младинскиот културен центар и градовите Торино и Скопје.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска