Прв Центар за музејска едукација

Од:

Центар за музејска едукација, односно за практична и научно-истражувачка работа, денеска беше отворен во Националната установа Музеј на Македонија како дел од Националната стратегија за развој на културата за период 2013-2017 година.

На свеченото отворање, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска рече дека Центарот ќе придонесе младите да се запознаат со непроценливите вредности на нашето културно богатство и ќе влијае врз издигнување на нивната свест за значењето на заштитата на културното наследство.

– Културното наследство, кое е презентирано во нашите музеи, е несомнено многу важен сегмент во развојот и едукацијата на најмладите и во оваа смисла ние постојано мораме да настојуваме да ги збогатуваме наставните програми на воспитно-образовните установи, пронаоѓајќи во нив соодветна содржина за секоја наставна област, порача Канческа-Милевска.

Во тој контекст, додаде министерката, основната цел на новиот Центар за музејска едукација, кој е прв од ваков вид во Македонија е преку практична и научно-истражувачка работа, прилагодена за одредена возраст и предзнаење на учесниците, младата популација да ги усвои елементарните информации за музеите.

– Секој од младите посетители ќе има можност преку различни дидактички материјали како на пример Стелт-тач машината за рељефни цртежи, низ непосредна комуникација да се запознае со културните традиции на нашето поднебје и активно да учествува во програмите кои се осврнуваат на сегменти од нашето богато минато, рече Канческа-Милевска.

Содржините на Едукативниот центар, потенцира министерката, ќе ја поттикнат желбата на најмладите да ги посетуваат институциите од областа на културата и да ги развиваат културните потреби.

Во подготовките за отворање на Центарот, покрај музејските едукатори, вклучени биле и децата од градинките „Кочо Рацин“ и „Пролет“, децата од основните училишта „Кочо Рацин“, „Браќа Миладиновци“, „Наим Фрашери“, „Алија Авдовиќ“, „Мустафа Кемал Ататурк“ и „Јане Сандански“, средното училиште „Орце Николов“, како и училиштето за слепи и слабовидни деца „Димитар Влахов“.

Би можело да ве интересира

Почина култниот режисер Дејвид Линч

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

„Недостиг“, нов роман од Симеон Јанков

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид