Промовирани првите две кавадаречки народни приказни

Од:

Во 3Д киното во Кавадарци синоќа беа промовирани првите две снимени на кавадаречки дијалект народни приказни, „Умната мома” и „Големиот драпаџија”.

Актерот и режисер на кавадаречките приказни Диме Коцевски и директорот на фотографија,  продуцент и монтажер Тони Коцев, се идејни творци на серијалот кој вклучува повеќе приказни.

Коцевски посочи дека снимањето на првите две епизоди од серијалот е резултат на една долгогодишна и макотрпна работа на собирање на приказни кои се специфични за Тиквешијата и го карактеризираат целиот регион.

– Станува збор за кавадаречки народни приказни кои од другите приказни се разликуваат по автентичниот кавадаречки дијалект, кавадаречкиот хумор, а снимањето е во амбиент на автентични села со соодветна селска архитектура. Целокупната екипа од сниматели, помошници, актери, ститисти е 100 проценти кавадаречка. Со приказните започнавме затоа што народот нив може најлесно да ги прифати. Но ова треба да ни преставува отскочна штица,  да ни помогне да почниме да снимаме и други проекти, додаде тој, изразувајќи надеж дека во идните проекти ќе имаат поддршка и од бизнис секторот.

Присутните на настанот ги поздрави градоначалникот на Кавадарци Александар Панов, кој заедно со Советот на општината го поддржаа овој проект.

Во реалзацијата на приказните учествуваа актерите Милица Гочевска, Никола Колев-Зезо, Видан Станоев ,Симона Богева, Данчо Бањански, Дејан Атанасов и Диме Коцевски.

Би можело да ве интересира

42-годишен маж од Кавадарци ја задави својата партнерка

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на збирката „Одглас“