Промовирана стрип сликовница „Девојче на месечината” од Александар Стеванов

Од:

Стрип сликовница „Девојче на месечината” на штипскиот стрип уметник Александар Стеванов денеска беше промовирана во националната установа Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“, во Штип.

Сликовницата е прво самостојно издание на Стеванов.

– Досега сум објавувал во повеќе списанија во Македонија и во странство. Но ова е прво издание на кое се потпишувам како целосен автор и сценарио, илустрација и графичко обликување. Ова е специфично издание, бидејќи покрај наративниот елемент се раскажува приказна, која има и едукативен елемент. Во неа се претставени сите современи соѕвездија, вели Стеванов.

Стрип сликовницата „Девојче на месечината” е патешествие на едно мало девојче низ Галаксијата, соѕвездија на небото и патот до вистината. Сликовницата изобилува со илустрации. Авторот преку самолепливи сликички решил галактичката убавина да ја доближи до најмладата публика..

Со денешната промоција на стрип сликовницата „Девојче на месечината“ штипската Библиотека „Гоце Делчев“ ги заврши деновите посветени на македонската писменост.

Би можело да ве интересира

Македонски автор застапен во српска стрип-антологија

Македонскиот стрип претставен во Букурешт

Ана Ололовска

Македонскиот стрип со изложба во Сомбор

Ана Ололовска

Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ доаѓа во Велес

Ана Ололовска

Прогласени победниците на меѓународниот натпревар на историски стрипови „CAN for BALKANS“

Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов

А1он