Промовирана монографијата „Галичник засекогаш”

Од:

Во Музејот на Македонската борба за државност и самостојност, синоќа беше промовирана монографијата „Галичник засекогаш” на авторот Киро Кипроски.

Книгата содржи написи, објавувани во весници, магазини, песни, анегдоти, сведоштва и необјавени текстови.

– Монографијата со пет поглавја, над двесте наслови и над тристотини фотографии е своевидна хроника за Галичник, центарот на мијачијата за изминативе педесет години, рече Кипроски на промоцијата.

На промоцијата говореше и академик Радован Павловски кој е и рецензент на монографијата, нагласувајќи оти хронологијата на галичката-петровденска свадба укажува на плодноста, размножувањето на битот, младоста, песната, кои се бележани со рационалност и точност од перото на роднокрајниот автор.

Промоцијата на монографијата беше проследена со културна програма на која беа изведени неколку фолклорни точки. Киро Кипроски е пензиониран новинар, кариерата ја започнал во радио Гостивар, а низ годините пишувал за Нова Македонија, Утрински Весник, МИА, Екран, Починка и други магазини. 

Би можело да ве интересира

Претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска на „Галичка свадба“

Презентација на програма за културната манифестација „Галичка свадба“

Галичка свадба 2022: Спој на традицијата, културното наследство и вистинските партнерства

Галичка свадба викендов, Катерина и Филип – годинашни младенци

Разумот посилен од традицијата, Галичката свадба повторно одложена

Искра Манојлоска

Одложена годинешната „Галичка свадба“, можно е да се одржи на Голема Богородица

Жарко Настоски