Промовирана книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески“

Од:

Во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп вечерва беше промовирана книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески“ чиј приредувач е проф. д-р Јованка Кепеска, ќерка на Круме Кепески.

На оваа прва промоција на книгата се опфатени досега необјавени ракописи кои ги изнесуваат истражувањата на авторот на првата македонска граматика за корените на македонскиот јазик и неговата посебност.

Станува збор за околу 1540 ракописи од архивата на Кепески кои објаснуваат како се одвивал развојот на македонскиот јазик. Во книгата се два ретки текста – едниот е за изворите на историјата на Македонија, македонскиот јазик и раритетноста дека називот „славјани“ три века се користел за македонскиот народ и за македонскиот јазик.

– Кепески го напишал ракописот две години пред да се појави првата граматика во 1946 година. Кепески има направено паралела меѓу бугарските и македонските дијалекти за тоа по што се разликуваат и фонетски, и морфолошки, и синтаксички, со што се потврдува посебноста на македонскиот наспроти бугарскиот јазик. Во ракописот зборува за изворите за македонското име, за македонското население, македоннскиот народ и за македонскиот јазик. Има пронајдено значајни извори кои укажуваат на некои сознанија, кои, за жал, дури и нашата генерација не ги осознала, а особено се значајни за младите. Еден од куриозитетите е дека македонскиот јазик има длабоки корени, а тоа го констатираат сите светски слависти. Кепески ги пронаоѓа тие корени, и тоа во оригинали во софиските библиотеки, во 1944 година. Тие материјали требало да послужат за Версајската мировна конференција на која требало да се определат границите на Македонија. Со нив се смета дека името славјани било „резервирано“ за македонските славјани, со свој јазик. Кога ќе се речело славјани, точно се знаело дека се однесува на македонскиот јазик што било преточено во мисијата на Кирил и Методиј. И тука се нашите корени во таа смисла, корени на нашиот јазик, на нашиот народ, рече Јованка Кепеска.

Во книгата се пренесува работата на Кепески за истражување на просветната дејност во Прилеп каде учителствувале сите просветители, за богатата библиотека на Трескавец, истражувањата за занаетите и еснафите во Прилеп. Според Јованка Кепеска, промоцијата на книгата е повторна средба на Круме Кепески со неговиот роден град.

Книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески“ ја промовираше Симона Грујовска-Маџовска, професор и научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, според која материјалите во книгата се основа на понатамошни научни истражувања.

Промоцијата ја организираа градската библиотека „Борка Талески“, Друштвото за наука и уметност и е еден од поголемите настани за одбележување на 80 години од Библиотеката

Би можело да ве интересира

Раритетни книги и печатарски машини во Музејот на Битолската библиотека

А1он

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

„Соба на бајките“ – Зоран Спасов Ѕоф и „Арс Ламина“ донираа библиотека во Детската клиника – Скопје

Интерактивна работилница за гатанаките во Градската библиотека во Скопје

Ана Ололовска

,,Чествување на Ацо Шопов” во Скопската градска библиотека