Промовирана книгата „Масоните во Македонија“

Од:

„Масоните во Македонија“ е најновата книга на д-р. Миле Миќуновиќ која денеска беше промовирана а се однесува за масоните во Македонија до 1990 година.

Книгата, истакна професорот Никола Жежов, е напишана на 376 страници поделена на неколку делови кои тематски се поврзани меѓу себа и се однесуваат за масоните и нивното присуство во Македонија и на дел од балканските простори.

– Во првиот дел авторот се задржал на обработката и објаснувањето кое се однесува на македонските масони, членови на македонското национално и ослободително движење од крајот на 19. и првите децении на 20-тиот век. Авторот во книгата ги претставува кратките биографии на неколку десетици македонски револуционери и дејци кои пред се биле членови на неколку масонски ложи во Бугарија кои во голем дел биле членови на ВМРО и на Врховниот Македонски Комитет, истакна Жежов.

Макдонците масони наведени во книгата, појасни Жежов, биле врвни интелектуалци, ценети и со голем авторитет во своите професии.

Според авторот Миќуновиќ во книгата фокусот на интересирање е ставен на човекот и, како што рече, неговите доблести и снаоѓање да опстои во овој свет на противречности.

– Нивна главна водилка била слободата, еднаквоста и братството. Сите опфатени масони во книгата се родени во или потекнуваат од Македонија но тие членувале во туѓи ложи. Затоа се тие масони од Македонија. Од застапените 53 имиња на масони од Македонија девет се од Охрид, седум од Битола, четири од Штип, тројца од Ресен, тројца од Струшко, двајца од Крушево, по еден од тетовскиот регион, Гостивар, Прилеп… Восхитувачки е капацитетот и интелектот на масоните од Македонија, нагласи Миќуновиќ.

Миле Данило Миќуновиќ, доктор на медицински науки, професор, специјалист по урологија, е роден на 12 октомври 1951 година во Кичево. Муќиновиќ е автор е на 80 книги.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ