Промовирана фотомонографија „Црвениот виор на Тоде Ивановски“ од авторот Данка Јанковска

Од:

„Црвениот виор на Тоде Ивановски“ е фотомонографија, збирка од фотографии од ликовното творештво и искажувања на луѓе во чии сеќавања е врежан ликот на Тоде Ивановски како наставник, пријател но и учесник во народноослободителната борба, партизан кој токму на денешен ден во 1944 година бил ранет, посочи авторот на фотомонографијата, новинар во пензија Данка Јанковска, ќерка на Тоде Ивановски.

Фотомонографијата содржи фотографии од НОВ и периодот по ослободувањето, слики кои Тоде Ивановски ги цртал во тоа време.

-Тоде Ивановски беше истакнат граѓанин на Битола, во три наврати ја добиваше наградата 4-ти Ноември и е прв добитник на наградата за животно дело по востановувањето на највисокото признание во градот од страна на Советот на Општина Битола. Оваа фотомонографија е важна за идните генерации, рече меѓудругото новинарот Данка Јанковска на синоќешната промоција во Битола.

Фотомонографијата „Црвениот виор на Тоде Ивановски“ ја промовираше Лилјана Христова која истакна дека Ивановски е значајна личност во македонското современо ликовно творење и е со богат опус кој почнува во предвоениот период.

-Творештвото на Ивановски е непрекинат континуитет на инспиративната тема, основна и единствена, а тоа е народноослободителната војна како израз на основното мото на авторот, дека за него револуцијата трае и продолжува. За Ивановски, постојан интерес е човекот како дел од природата, како самотник и како сила што го движи универзумот, посочи промоторот Христова за делото на Ивановски презентирано во фотомонографијата „Црвениот виор на Тоде Ивановски“.

Организатор на промотивниот настан што синоќа се одржа во Битола беше ОО на Сојуз на борци, а издавањето на фотомонографијата е поддржано од Министерство за култура.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Изложба на фотографии „ЕЛЕМА 2023“

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска