Промоцијата на книгата „Културна дипломатија: уметноста, фестивалите и геополитиката“

Од:

Книгата „Културна дипломатија: уметноста, фестивалите и геополитиката”, во издание на Бирото на Креативна Европа Србија и на Факултетот за драмски уметности во Белград ќе биде промовирана вечер во Скопје. Книгата ја уреди Милена Драгичевиќ Шешиќ.

Според издавачот, книгата претставува оригинален придонес не само за проучување на културата и на фестивалите, туку и за практичните аспекти на културната политика, па е од значење за стручната и пошироката јавност.

На промоцијата, како што најави организаторот Тимот на „Готен“, ќе присуствуваат министерот за култура Роберт Алаѓозовски, шефот на Одделот на УНЕСКО за интеркултурализам, менаџмент во уметноста и посредување, Милена Драгичевиќ Шешиќ, Лилјана Рогач Мијатовиќ, од Факултетот за драмски уметности во Белград, која е и коуредник и коавтор во книгата и Билјана Тануровска Ќулавковски од „Локомотива“, една од авторките на поглавје во книгата.

Книгата нуди сеопфатен увид во историските и современите аспекти на меѓукултурните средби и културната размена, земајќи го Битеф како почетна точка за размислување, во однос на улогата на фестивалот во контекст на културна дипломатија и геополитика.

Оваа меѓународна публикација, која ја уреди проф. д-р Милена Драгичевиќ Шешиќ со д-р Лилјана Рогач Мијатовиќ и д-р Нина Михалјинац содржи прилози на автори кои низ различни перспективи ја проблематизираат променетата природа на културната дипломатија наспроти парадигмата на студената војна во меѓународните односи, „меката моќ“ и глобалната меѓузависност. Книгата содржи текстови кои се занимаваат со клучните прашања на културната дипломатија (мека моќ) во светлината на новите геополитички односи: културата на страв, понижување и надеж (Мојси), преиспитувајќи го значењето на идеологијата и политичкото дејствување кое ја инструментализира култура.

Авторите (од Велика Британија до Јужна Африка, Аргентина и Турција), пишуваат за предизвиците на модерната мулти/униполарна ситуација, продлабочена со економската криза и миграциите, од една страна, и политичкиот популизам од друга страна. Поголем број од текстовите се занимаваат со улогата на фестивалите, а особено на Битеф во овие процеси, за можностите за меѓукултурен дијалог, како и на водењето на т.н. културната дипломатија оддолу.

Вториот дел од книгата ги претставува резултатите од експертските „работни маси“ одржани посебно за различни области на културата (музика, изведувачки уметности, литература итн) во април 2016 година на иницијатива на бирото на Креативна Европа Србија. Овие резултати се објавени во четвртото поглавје на книгата, додека петтото поглавје дава преглед на меѓународната соработка на културните организации од Србија (2010-2016).

Би можело да ве интересира

Форум за културна дипломатија: Неопходни ни се граѓани посветени на мирот и солидарноста

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска