Промоција на збирката „Одглас“

Од:

Промоција со поетско читање и беседа на новата збирка песни „Одглас (на нечуеното)“ од Сузана Mицева ќе се одржи овој петок, 24.01, во Младинскиот центар во Струмица од 19.00 часот.

Песни од книгата ќе интерпретира младата актерка Васка Ангелова и авторката, а Ана Витанова-Рингачева која е и рецензент на книгата, низ книжевна беседа ќе ја претстави пред публиката.

„Стихот на поетесата Сузана Мицева е патник кој нема свое постојано место за починка, тој патува и освојува метафизички простори на духот, со порив да открие нови и непознати предели на мислата.

Откривајќи ги, ги допира, ги чувствува, ги зема со себе и преку песната ги прави видливи за човекот и светот. Тоа е нејзиниот опит, нејзината потајна нарав, да гради домови надвор од својот, да ги облагородува, да колчи нови градини, да оградува парче небо и тука да битисува. И така сѐ до некое следно патување на песната,“ пипува Ана Витанова Рингачева.

Оваа е петта збирка песни за возрасни на Мицева. „Одглас“ излезе со поддршка на Министерството за култура и туризам како самоиздат.

Средствата од продадените книги на промотивниот настан ќе се искористат за хуманитарните активности на Фондација Елеуса.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат