Промоција на театарска литература и три претстави на МТФ „Војдан Чернодрински“

Од:

Во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ денеска, во рамки на богатата програма на репертоарот на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, ќе бидат промовирани театарските публикации: монографија за Бранко Ѓорчев на списанието „СУМ“ и книгата „Малцинството во еден “ од Трајче Кацаров.

Промотор на театарската литература е д-р Ана Стојаноска.

На репертоарот на Фестивалот, вечер се уште три претстави. На сцената на Прилепскиот театар од 19 часот, Албанскиот театар од Скопје ќе ја изведе претставата „Предавање“ од Мартин Мекдона“ во режија на Ќендрим Ријани, а од 21.30 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“, Драмскиот театар од Скопје ќе ја изведе „Безљубени“ од Благица Секулоска во режија на Златко Славенски.

И двете претстави се во конкуренцијата за награди. На полноќ во прилепскиот народен театар, ансамблот на МНТ ќе ја изведе претставата „Тероризам“ од Олег и Владимир Пресњакови, во режија на Јордан Симонов.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он