Промоција на стрип-албумот „Бесмртните“ од Диме Иванов-Димано

Од:

Издавачката куќа „Стрип Квадрат“ вечер во „Кафе Ли“ ќе го промовира новиот стрип-албум од Диме Иванов-Димано, насловен „Бесмртните“. Во стрип-албумот на 160 страници се обработени повеќе приказни од Илинденскиот период.

– Самиот наслов, „Бесмртните“, ја дава димензијата на овие приказни, секоја од нив обвиткана со непокор и херојство, којшто бил општопознат за македонскиот народ од Илинденскиот период, кој стремел за ослободување од Отоманската Империја. Па така, овде ги има стрип приказните за „Војшана“, според која е именувано селото Војшанци, потоа „Доброволно во смрт“, во кој е обработена сторијата за Солунските атентатори, како и повеќе други стрип приказни за Питу Гули, Веле Марков, Методи Патчев, Леонид Јанков итн…, соопшти издавачот.

Диме Иванов-Димано е меѓу најплодните автори на македонскиот стрип, со повеќе од 800 објавени стрип табли и стрипови објавувани во Македонија и на просторите на поранешна Југославија. Најпознати стрипови му се „Војдан“, исто така во издание на „Стрип Квадрат“, потоа „Итар Пејо“, „Александар Македонски“…

Неговите стрип табли се изложувани на голем број изложби во Македонија и на Балканот, а неколку негови табли беа изложени и во Брисел на светската стрип изложба по повод 70-годишнината од Втората светска војна. Покрај со стрип, долго време тој се занимава и со илустрација и објавува во сите позначајни изданија за деца.

Би можело да ве интересира

Македонски автор застапен во српска стрип-антологија

Македонскиот стрип претставен во Букурешт

Ана Ололовска

Македонскиот стрип со изложба во Сомбор

Ана Ололовска

Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ доаѓа во Велес

Ана Ололовска

Прогласени победниците на меѓународниот натпревар на историски стрипови „CAN for BALKANS“

Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов

А1он