Промоција на романот „Запалка“ од Натали Спасова

Од:

Во Младинскиот културен центар вечер ќе биде промовиран романот „Запалка“ од Натали Спасова, во издание на „Македоника литера“.

– Раскажувачи се различни ликови, па дури и еден предмет, запалката, која е врската помеѓу сите раскази кои можат да се читаат одделно, самостојно, но заедно споени ја доловуваат поентата на романот – како животот ги менува луѓето и како луѓето го менуваат животот. Така, за едни среќа е скитничкиот живот, за други самотијата, а за некои дури и смртта. „Запалка“ спојува неколку животни приказни на сосема обични луѓе, оние кои секојдневно ги одминуваме на автобуските станици или во редовите на супермаркетите, соопшти издавачот.

Натали Спасова (Скопје, 1989) е магистер на Факултетот за туризам во Скопје. Нејзината дебитантска книга „Прва љубов во Розевата улица“ од 2006 година имаше три изданија. Застапена е во посебна едиција на руски јазик – „Десет романи на 21 век“, преведена е и на украински. Авторката е добитник на трета награда на меѓународниот фестивал на поезија и кратки приказни „Жарко Аќимовиќ“ во Нови Сад.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје