Промоција на последните 20 наслови од едицијата „Нобеловци“

Од:

Министерството за култура денеска ќе ги промовира последните 20 изданија од проектот „Превод на литературни дела на добитници на Нобеловата награда за литература“, со што ќе биде заокружена едицијата од 145 наслови.

Нив ќе ги промовира министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, во Бизнис-салата на Скопски саем, каде што денеска завршува и 25. Саем на книгата.

Покрај едицијата „Нобеловци“, со која на читателите им се достапни на македонски јазик делата на писателите наградени од Шведската академија за книжевност, Министерството ја реализира и едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ која опфаќа 560 наслови од сите жанрови.

Министерството минатата недела најави и нов капитален проект – „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психонализа“, наменет за академската јавност, студенти, но и за широк круг читатели.

Ќе содржи 342 книги (102 од филозофија, 127 од историја и 109 од психологија и психонализа), а ќе се збогати со уште 44 наслови по препорака на експерти од овие науки од познати универзитетски центри.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ