Промоција на книгата „Од игра до претстава – театарски практикум“

Од:

Публикацијата „Од игра до претстава – театарски практикум“ од авторите Игор Ивковиќ и Афродита Кирјаковска денеска ќе биде промовирана во големата сала на Младинскиот центар „Матично“.

Станува збор за првиот театарски практикум во земјава, наменет за деца од предучилишна и училишна возраст, за нивните обучувачи, наставници, едукатори, но и за сите оние кои сакаат низ креативни театарски игри да ги откриваат тајните на сценската уметност.

Во практикумот се поместени стотина практични театарски игри, поделени во осум тематски целини, со чија примена се поттикнува креативноста, личните емоционални, интелектуални и социјални компетенции кај децата и младите. Сите овие игри се практикувани во десетгодишната континуирана едукативна пракса на Здружението за културно – уметничка едукација „ОД ИГРА ДО ПРЕТСТАВА“.

Промотори на изданието ќе бидат Снежана Коневска – Руси, актерка, режисерка, пантомимичар и театарски едукатор, заедно со Милка Тримчевска, наставник по македонски јазик со децениска педагошка и едукативна пракса.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар

Јордан Симонов од МНТ најдобар актер на фестивалот „Албански театар во Македонија“

Предраг Петровиќ