Kнигата „Креативност во работа со деца“ на проф. д-р Виолета Арнаудова, д-р Фросина Денкова Зафировска и проф. д-р Софија Георгиевска е промовирана денеска во Домот на култура „Биљана Беличанец“ во Кисела Вода.
Настанот го отвори проф. д-р Оливер Бакрески, декан на Филозофскиот факултет, а промотор е проф. д-р Ратко Дуев.
Изданието е на Филозофскиот факултет од Скопје.
Книгата претставува значаен придонес во развојот на воспитно-образовниот процес, нудејќи практични методи и стратегии за поттикнување на креативноста кај децата.
Настанот вклучува промоција на книгата, дискусија со авторките и панел-дискусија со истакнати експерти.