На сцената Зебра вечер ќе биде промовирана фото-монографијата „Чудесниот свет на танцот“ посветена на 10-годишнината на фестивалот Танц фест Скопје.
Промоцијата ќе започне со премиерна изведба на вториот дел од претставата “О!ТЕЛО)“ на Скопје танцовиот театар, која се базира на експериментален однос на телото и просторот.
Во претставата ќе настапат: Адријана Данчевска, Јакуб Мунко, Матеа Киселичка, Адријана Андреева, Анастасија Данчевска, Ана Марковска, Дејан Битровски, Тринга Хуса, Горана Гоговска и Елена Здравевска. Кореографијата е на Рисима Рисимкин и Адријана Данчевска.