Промоција на ДВД изданија и книга од Љубиша Георгиевски во Кинотека

Од:

По повод 55 години творештво и 77 години од раѓањето на Љубиша Георгиевски, доајенот на македонската филмска и театарска уметност, на 28. јануари, среда, во 12.00 часот во киносалата на Кинотеката на Македонија ќе бидат промовирани ексклузивното ДВД издание со дигитализираниот филмски опус на Георгиевски и книгата „Театарски магии – Мнемопис“ со текстови на авторот. Свечени обраќања до присутните на промоцијата ќе имаат д-р Елизабета Канческа-Милевска, Министер за култура на РМ, и м-р Мими Ѓоргоска-Илиевска, Директор на Кинотеката на Македонија.

Комплетот од пет ДВД-ја ги содржи долгометражните Под исто небо (1964), Планината на гневот (1968), Републиката во пламен (1969) и Цената на градот (1970), краткометражните Не (1966) и Патека (1967), како и документарниот филм HIC TRANSIT GLORIA MUNDI / Хераклеа (1974), а произлезе од проектот на Кинотеката на Македонија за дигитална реставрација на најдоброто од македонската национална филмска продукција – проект во чии рамки досега беа дигитализирани и издадени филмовите на Столе Попов и на Браќата Манаки, а во тек е дигитализацијата на филмските остварувања на Милчо Манчевски.
ДВД-јата со филмови на Љубиша Георгиевски пред публиката ќе ги промовира Илинденка Петрушева, филмолог и филмски критичар, додека за книгата на Георгиевски ќе говори проф. д-р Јелена Лужина, театролог и приредувач на ова книжевно издание за „Макавеј.“

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ