Промоција на драмата „Р“ на Плевнеш на бугарски јазик

Од:

Драмата „Р“ на Јордан Плевнеш ќе биде промовирана во превод на бугарски јазик денеска во Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија. Од македонски на бугарски јазик ја преведе Ганчо Савов, а ја објави софиската издавачка куќа „Балканика“.

Пригодна реч на промоцијата ќе одржи претседателот на „Балканика“ Николај Стојанов, а извадоци од драмата ќе читаат Марин Јанев и Ања Пенчева – првенци на театарот „Иван Вазов“.

Драмата „Р” е играна во над 20 земји во светот. Во театарот „Иван Вазов” е изведена во октомври 1992 година, во режија на Љубиша Георгиевски, и тоа беше прво дело на македонски автор на сцената на софискиот театар, по прогласувањето на независноста на Македонија. На премиерата присуствуваа тогашните претседатели на двете држави Жељу Жељев и Киро Глигоров.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“