Промоција и изложба на графичката новела „Хашиш” од Ѓорѓе Јовановиќ

Од:

Графичката новела „Хашиш“ од визуелниот уметник од Скопје Ѓорѓе Јовановиќ, а по текст на Анри Мишо, е седма книга од стрип – едицијата „Лифт“ на издавачката куќа „Темплум“.

Во галеријата на Младинскиот културен центар вечер ќе биде отворена изложбата на која ќе биде презентиран целиот процес на изработка на графичката новела, како и селекција на цртежи, развојните фази на книгата, неколку решенија за корицата и фонтот што специјално е изработен за потребите на оваа графичка новела.

– Светот во графичката новела „Хашиш“ изобилува со ситуации кои претставуваат огромен предизивк да бидат преточени во слика или пак графичка новела. Исто така и фактот дека текстот нема класична наративна линија туку претставува збир на фрагменти – записи или пак дневник што тој го водел додека експериментирал со хашишот. Таквата фрагментирана структура ми даде голем простор за „маневрирање“, вели Јовановиќ.

Изданието е финансирано од Фондацијата Отворено општество – Македонија и Хопс-Опции за здрав живот-Скопје.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска