Промоција и изложба на Христо Петрески

Од:

Во Културно информативниот центар во Скопје, денеска ќе се одржи промоција на најновата книга и изложба на писателот и сликар Христо Петрески.

За најновата поетска книга „Здив“, ќе говори проф.д-р Кристина Николовска, а за ликовното творештво на Петрески ќе зборува проф.д-р КирилТемков.

Петрески е автор на повеќе од дваесет поетски книги, а има реализирано и над петнаесет самостојни ликовни изложби во земјава и странство.

Петрески е добитник наголем број републички и меѓународни награди, меѓу кои и на: Ацо Шопов, Рациново признание, Гоцева повелба, Ванчо Николески, Јован Котески, Васил Куноски, Крсте Петков Мисирков, Иво Андриќ, Гогољ, Радое Домановиќ, Борисав Станковиќ, Гран при, Книжевно перои повеќе други награди и признанија.

Како ликовен творец бил учесник на неколку македонски и на две меѓународни ликовни колонии во странство.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска