Промоции и пет претстави денеска на МТФ „Војдан Чернодрински“

Од:

Петтиот ден од 50. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ нуди богата програма. Публиката досега виде половина од фестивалската програма, меѓу кои и седум од 13-те претстави во конкуренцијата за награди.

Терминот напладне во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ е резервиран за промоции на театарска литература и изложби. Во 12 часот ќе биде промовирана книгата „Мојот театар“ од Ристо Стефановски, која ќе ја претстави писателот Блаже Миневски.

Ќе се одржи и драмско читање, а театрологот Ана Стојаноска ќе ги презентира откупените драмски текстови од Министерството за култура за 2015 година.

Попладне публиката ќе патува во Велес. На матичната сцена од Велешкиот театар од 18 часот ќе ја проследи претставата „Приказни од шестиот кат“ според раскази на Драги Михајловски во режија на Деан Дамјановски.

Истовремено, од 18 часот во Прилепскиот театар е претставата „Поблиску“ од Патрик Марбер во режија на Милош Андоновски. Тоа е дипломска претстава на студентите од Факултетот за драмски уметности од Скопје.

Од 20.30 часот во Прилепскиот театар е уште една дипломска претстава на студентите од ФДУ. Публиката ќе ја види претставата „Сината соба“.

Од 22 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ на програмата е претставата во официјалната конкуренција за награди „Сон на летната ноќ“ од Шекспир во режија на Александар Поповски, а во изведба на Турски театар од Скопје.

На сцената од Прилепскиот театар на полноќ, во придружниот дел од фестивалската програма, е монодрамата „Делириум тременс“ во режија и изведба на Игор Трпчески.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он